АТП
Рубљов откри кој легендарен тенисер го оттргнал од црните мисли: Знам дека звучи драматично, но…

Андреј Рубљов имаше најдобар можна подготовка за турнирот во Дубаи, бидејќи рускиот тенисер изминатава недела стави крај на постот и ја освои титулата во Доха.
Рубљов остави зад себе многу турбулентен период во кој се бореше сам со себе и со депресија, па откако веќе се исповеда дека не пронаоѓал мотив да продолжи да живее, сега откри и кој легендарен тенисер му помогнал да се оттргне од црните мисли.
Рускиот тенисер обелоденува дека од огромна помош му бил неговиот сонародник Марат Сафин, од кого добил многу добри и поучни совети за да се врати на вистинскиот животен, но и професионален пат.
– Се чувствував како да сум затворен во некој круг, последната година не наоѓав причина да живеам. Знам дека звучи драматично, но навистина бев целосно изгубен. Почнав да зимам лекови против депресија, првично мислев дека ми е подобро од нив, но потоа сфатив дека ми е полошо. Прекинав да ги консумирам и имав навистина чудно чувство.
– Марат е човекот кој потоа се појави и кој ми помогна да се разберам себеси подобро, ме натера да се согледам одвнатре. Со негова помош успеав да се рестартирам, од тој момент, почнав да се враќам на вистинскиот пат. Се уште одам по тој пат, одам чекор по чекор и има уште многу за одење. Се уште не сум среќен, но барем веќе не чувствувам стрес, депресија и вознемиреност. Сега сум во неутрална состојба, ниту добар, ниту лош, но барем пронајдов некоја основа и некој мир, – објаснува последниот шампион на турнирот во Доха.
-
Лига на нации19 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
Лига на нации20 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Македонија15 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)
-
Лига на нации19 часа
Франција го најави пресвртот против Хрватска со гол каков немаше постигнато цели 18 години (Видео)
-
Репрезентација10 часа
Миовски е автор на вториот најатрактивен гол во квалификациите за СП (ВИДЕО)
-
Лига на нации19 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Свет17 часа
Арда го замолкнуваше Собослаи, ѕвездата на Ливерпул жестоко одговори за неговиот статус во Реал (Фото)