Поврзете се со нас

АТП

Рубљов: Не знам уште што треба да направи Ѓоковиќ за да биде признаен од сите

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Андреј Рубљов го замени Данил Медведев како носител во Доха и затоа ќе биде слободен во првото коло на турнирот во Катар, па затоа имаше повеќе време да разговара со новинарите од оваа земја.

Рускиот тенисер загуби во Ротердам од Алекс Де Минор и ова ќе биде трет официјален настап за него од стартот на сезоната, а како што вели самиот, секој турнир на кој не настапува Новак Ѓоковиќ е добра шанса да се стигне до трофеј.

Српскиот тенисер е нерешлива енигма за најголем дел од тенисерите и во 36-та година од животот, па за Рубљов тој сосема оправдано го носи епитетот најдобар играч на сите времиња.

– Ја слушнав изјавата на Надал и го делам неговото мислење. Ѓоковиќ е најдобар и најуспешен тенисер во историјата. Освои најмногу грен слем турнири и мина најдолго како прв на АТП листата.

– Не знам што уште треба да направи за да добие признание од цел свет, тој е еден од најтешките играчи со кои сум се сретнал на теренот, – порача Рубљов кој има негативен скор во пресметките со Ноле (5:1).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни