Рубљов го победи Федерер во Синсинати, па порача: Погледнете што направи по крајот на мечот

rublev-rozer

Андреј Рубљов уште долго ќе го памети третото коло на Мастерсот во Синсинати, бидејќи во осминафиналето успеа да го победи најуспешниот играч во историјата на овој турнир.

Рожер Федерер е седумкратен шампион на Синсинати и во пресметката со Рубљов влезе како апсолутен фаворит, но ако него не му одеше ништо во текот на мечот, младиот Русин беше перфектен и со својата агресивна игра буквално го почисти светскиот рекет број три од централниот терен.

Рубљов славеше со 6:3 и 6:4 за 61 минута, но иако ја оствари најголемата победа во својата кариера, расплаканиот Русин по крајот на мечот одлучи да ја истакне грандиозноста на Рожер.

– Нема никаков сомнеж, ова е најголемата и најемотивната победа за мене. Не можев да го замислам ова, не можев да замислам дека е ваква легенда. Толку многу години игра со неверојатен притисок, мора да победува на секој меч, а тој постојано го прави тоа. Постојано се докажува и тој е нешто посебно, нешто нереално. Сега имав можност да го видам неговиот однос од прво лице, претходно тоа го гледав само на телевизија. Рожер е вистинска легенда. Дури и начинот на кој ме погледна, тоа што го направи по мечот. Тоа е друга димензија, друго ниво, се насмевна и ми рече да не се грижам. Го кажа тоа со насмевка и за мене тоа е неверојатно, – порача Рубљов.

Facebook Коментари