Поврзете се со нас

АТП

Рубљов го елиминираше Надал на Мастерсот во Монте Карло

Објавено

на

Андреј Рубљов го победи Рафаел Надал на Мастерсот во Монте Карло и првпат во кариерата се пласираше во полуфиналето на овој турнир.

Рускиот тенисер успеа да го добие мечот против Надал со 2:1 во сетови, изненадувајќи го Шпанецот на еден од неговите омилени терени со земјена подлога.

Рубљов беше убедлив во првиот сет кој го доби со 6:2, во вториот прв направи брејк, но Надал успеа да се рехабилитира (4:6) и да го одведе мечот во решавачки сет.

Но, повторно на сцена стапи расположениот Рубљов и по несигурниот почеток на двајцата со загубен сервис, Русинот направи уште два брејка за 6:2 и триумф во четвртфиналето.

Противник во полуфиналето на Рубљов ќе му биде Норвежанецот Каспер Руд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни