Поврзете се со нас

Репрезентација

Рубин Стефанов: Ова е големо искуство и мотив, се надевам дека ќе ја оправдам довербата

Објавено

на

Нашиот национален тим го очекуваат дуели против Шпанија и Украина во квалификациите за Светското првенство, дуели за кои селекторот Драган Бајиќ повика неколку млади играчи кои очекуваат да добијат шанса.

Еден од нив е синот на нашата легенда Врбица Стефанов, 17-годишниот Рубин кој го носи дресот на Канту. На Рубин му е огромна чест што е дел од репрезентацијата, но и големо искуство и мотив за понатаму.

-За секој млад играч најголемиот сон е да биде дел од најсилната национална репрезентација на својата земја. Голема чест е што добив и повик, и што имам шанса да тренирам и да учам од најдобрите. Ова е големо искуство, мотив за понатаму.Ќе го дадам максимумот на секој тренинг, се надевам дека ќе ја оправдам довербата на селекторот Бајиќ, му благодарам за укажаната шанса, -истакна талентираниот Стефанов.

Македонија на 1 јуни се соочува со Шпанија во Сарагоса, а три дена подоцна ќе ги пречекаме Украинците во Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни