Поврзете се со нас

Шпанија

Рубиалес упасен од шпанската полиција веднаш при пристигнувањето во Мадрид (Видео)

Објавено

на

Луис Рубиалес ја избегна првата чистка која ја направи полицијата во Шпанската фудбалска Федерација, но при првото стапнување на домашно тло, поранешниот претседател на сојузот беше уапсен од полицијата.

Рубиалес денеска бил уапсен на аеродромот во Мадрид веднаш по пристигнувањето од Доминиканска Република, а шпанските медиуми ексклузивно го пренесоа и видеото од неговото приведување.

Поранешниот претседател на РФЕФ е под истрага на судот за учество во кривични дела за кои се сомнева дека се переле пари, но се истражува и дали намерно ја злоупотребил својата позиција за деловна корупција и учество во криминална организација.

Рубиалес се истражува за преместувањето на шпанскиот Суперкуп во Саудиска Арабија и контроверзни се сите операции кои се направени со шеиците од споменатата земја, па шпанскиот суд и во иднина ќе го „чешла“ поранешниот претседател.

По неколку часа минати во полиција, Рубиалес бил пуштен на слобода, но во сабота ќе мора да се појави во судот и да даде прва изјава пред судијата во Мајадахонда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни