Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Розе пред дуелот со Сити: Ова е најдобрата екипа на светот, сакаме само…

Објавено

на

Утре од 21 часот се игра пресметката меѓу Борусија Менхенгладбах и Манчестер Сити во Лигата на шампионите, дуел во кој улогата на апсолутен фаворит ќе ја има премиерлигашот.

Клубот од Манчестер е во серија од 18 победи во низа во сите натпреварувања, па во таборот на бундеслигашот се свесни дека ги очекува голем предизвик, но истиот го очекуваа без притисок со желба да се надигруваат со четата на Гвардиола.

-Нема потреба да ги мотивирам моите играчи на кој било посебен начин. Кога Борусија ќе излезе на теренот на натпреварот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите, тие можат само да добијат нешто од тој натревар. Ова е нешто големо за клубот, дури е важно само учеството во овој дел од натпреварувањето, -вели тренерот Марко Розе.

-Сити има играчи од светска класа на сите позиции и ќе можеме да играме против моментално најдобриот тим во светот. Тоа е она што сакаме да го направиме, да играме фудбал, -додаде предводникот на Менхенгладбах кој во наредната сезона ќе го води составот на Борусија Дортмунд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни