Поврзете се со нас

НБА

Роуз: Лејкерс имаат најдобар тим во НБА лигата, тие ќе ја освојат титулата

Објавено

на

Тимот на Лос Анџелес Лејкерс направи големи промени во својот ростер во изминатиов период и состави екипа која треба да се обиде да го врати трофејот во „Стејплс Центарот“.

„Еззерџиите“ се одлучија да носат проверени, докажани имиња, играчи кои веќе играле во Лејкерс, па така летово ги привлече Ентони, Ариза, Бејзмор, Елингтон, Хауард, Монк, Нан, Вестбрук и Рондо, а се очекува да пристигне од центарот Џордан.

Сетоа ова го прави Лејкерс да делува страшно на хартија иако многумина сметаат дека возраста може да биде проблем затоа што во екипата има доста ветерани. До почетокот на новата сезона има повеќе од еден месец, но ова не му пречеше на Џејлен Роуз да даде прогноза и да порача дека Лејкерс ќе го освои пехарот во натпреварувачкаат 2021/2011.

-Кога ќе ги погледнам Лејкерс го гледам најдобриот тим во светот на кошарката. Монк и Нан шутираат тројки со над 40 проценти успешност и се одлични кога имаат својот ден. Тоа ќе им донесе младост. Расел Вестбрук имаше во просек трипл-дабл во Вашингтон минатата сезона. Според мене Лејкерс очигледно се најдобриот тим во лигата. Ако останат здрави, Леброн Џејмс наредното лето ќе освои уште еден шампионски прстен, -вели Роуз кој сега работи како стручен аналитичар, а претходно во кариерата настапуваше за Денвер, Индијана, Чикаго, Торонто, Њујорк и Феникс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни