Поврзете се со нас

Шпанија

Ротен во неколку реченици објасни зошто Мбапе е главен виновник за кризата во Реал

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Карло Анчелоти веќе некое време бара солуции за својот тим и воглавно незадоволен од дефанзивниот концепт на „кралевите“, а истиот став го повтори по новиот болен пораз кој го претрпе европскиот првак на домашен терен.

Милан славеше со 1:3 во вторникот и јасно ги потенцираше сите проблеми во играта на Реал, но со оглед на тоа што во тимот на Анчелоти има и голем број француски ѕвезди, јавноста во Франција исто така се занимава со проблемите на „Бернабеу“.

Жером Ротен беше редовен критичар на Килијан Мбапе во последните две години од етапата во ПСЖ и го напаѓаше за неговиот однос, а сега смета дека Французинот е главен виновник за кризата која настана во тимот кој до пред неколку месеци изгледаше совршено.

– Мбапе беше главна ѕвезда летово што измина. Реал Мадрид освои се без него, играа како колектив и играчите даваа се на теренот. За жал, имам чувство дека се исчезна по доаѓањето на Мбапе. Килијан ја кристализираше актуелната криза во Реал, неговото присуство во тимот очигледно влијае негативно врз одредени играчи. Некои мораа да менуваат позиции, а некои сега играат помалку.

– Не гледам прогрес во играта на Килијан. Точно е дека треба време за адаптација, но тој е суперѕвезда и на такви играчи не им се дава многу време. Впрочем, веќе сме во месец ноември и мора да бара вина кај себе. Не само што не се подобрува, туку гледам и како се влошуваат неговите движења како „9-ка“ во Реал. Прави се спротивно од тоа за што е доведен, а лошите изданија создаваат уште поголеми ега во соблекувалната. Мбапе се претвора во товар за Реал Мадрид и за жал, тој е главен виновник за лошиот старт на сезоната кој го има Реал, – потенцира Ротен.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни