Поврзете се со нас

Свет

Ротен удри по Мбапе: Пет месеци тоа го правеше, кога ќе го видам во репрезентацијата…

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Килијан Мбапе ја заврши приказната со Пари Сен Жермен и од наредната сезона ќе го гледаме во дресот на актуелниот европски шампион Реал Мадрид.

Седум години напаѓачот беше дел од „светците“, седум години во кои постојано имаше шпекулации, вести дека може да заврши на „Сантијаго Бернабеу“ за да тоа на крајот се оствари и тој се пресели во оваа средина како слободен играч.

Ова дефинитивно е големо разочарување за ПСЖ, а и за оние кои во минатото беа дел од клубот како што е Жером Ротен. Ротен често знае да критикува, па сега не го поштеди ниту сонародникот кој во првата средба по објавениот трансфер во Реал, даде гол и запиша две асистенции против Луксембург.

-Пет месеци кај Килијан не се гледаше никаква желба. Тоа не е проблем на тренерот, претседателот, навивачите…Проблемот е само почитта. Кога се ставате во категоријата на најдобри играчи во светот, мора да го имате ставот што оди со тоа. Мора да се борите за соиграчите, за својата земја, за вашиот клуб. Мислам дека не изневери со се.

-Многу сум лут на него бидејќи кога ќе го видам во француската репрезентација помислувам: Ова не е можно. Играше со насмевка, во заеднишство со навивачите. Самата суштина на фудбалот е сето она што не сме го виделе во текот на целата сезона во ПСЖ, -истакна Ротен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни