Франција
Ротен со жестоки критики за Галтие: Престани да зборуваш

Кристоф Галтие е под голем притисок бидејќи ПСЖ сезонава остана во борба за трофејот само во домашното првенство, а тоа е далеку под очекувањата на амбициозното раководство.
Последниот пораз од Рен на домашен терен дополнително ги испровоцира фановите и стручните коментатори, а жесток напад стигна од Жером Ротен.
Поранешниот играч на ПСЖ смета дека Галтие непотребно пронаоѓа алиби за поразите, посебно кога на располагање има квалитетни играчи.
– Галтие реши да ја префрли одговорноста на младите фудбалери, но поразот не е нивна вина.
– Исто така зборува за клупата, а таму има играчи како Екитике и Санчез кои вредат 60 милиони евра. Од друга страна го става Бернат на неприродна позиција и зборува за повредените играчи.
– Можеби има повредени играчи, но во составот ги имаше Мендеш, Витиња, Руиз и Верати во среднио ред и Мбапе и Меси во нападот. И што покажаа тие? Ништо. Повремено некоја топка за Мбапе и толку. Галтие и неговите соработници се единствени виновници за ваквите игри, па дури и за повредените, бидејќи повредите се резултат на нивната лоша работа и проценка. Затоа престани да зборуваш за повредените играчи, – изјавил Ротен.
-
Англијапред 21 час
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 11 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
АТПпред 18 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
Светпред 23 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 20 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 22 часа
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 14 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)