Франција
Ротен повторно го нападна Меси: Тоа не е добра идеја, не вложува напор…

Лионел Меси е во завршните месеци од актуелниот договор со Пари Сен Жермен, но постои голема можност тој да ја продолжи соработката со овој тим и да остане во сегашната средина и по јуни 2023 година.
Преговорите течат, клубот се уште го гледа во проектот и се чини прашање е на време кога ќе се наместат коцките и ќе биде објавено дека Лео останува на „Паркот на принцовите“. Ова не му се допаѓа на некогашниот член на „светците“ Жером Ротен кој може да се каже дека е дежурен критичар на Аргентинецот, поточно не го штеди, го напаѓа од доаѓањето од Барселона.
-Продолжувањето на договорот на Меси е срање. Управувањето со тројцата [Меси, Нејмар и Мбапа] е комплицирано. Згора на тоа, постои сметка за плати. И видовме дека ПСЖ е заглавен со финансискиот фер плеј, затоа што сметката за плати-експлодираше. Имате можност да закрепнете голема сума пари од платата на Меси. Тоа може да ви овозможи да регрутирате и да го подобрите вашиот состав. Поради ова, многу е лоша идеја да се продолжи договорот со Лео Меси.
-Во однос на сликата и она што тој го рефлектира, не разбирам зошто Лео Меси сака да ја продолжи авантурата. Тој не вложува напори да го однесе клубот напред. Никогаш не им се заблагодарува на навивачите, ја спушта главата и оди во соблекувалната. Дури и кога ги слави своите голови, неговото име е извикувано, тој никогаш нема убав гест кон приврзаниците да им се заблагодари. Тој не сака да инвестира повеќе во проектот. Поради тоа, не е добра идеја да го задржиме, -порача Ротен за „РМЦ Спорт“.
-
Германијапред 24 часа
Салихамиџиќ распали по ѕвездите на Баерн, Нагелсман порача: Ако не победиме на дербито, ќе останеме без титула
-
Шпанијапред 19 часа
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 20 часа
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
АТПпред 23 часа
Медведев со урнебесен говор ги изнасмеа сите присутни по поразот во финалето (Видео)
-
Формула 1пред 22 часа
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Англијапред 13 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
Светпред 14 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик
-
Балканпред 23 часа
Хрватскиот јунак од СП во Катар со најоригинална објава за Адеми: Ако видиш дека не ги разбираш Кинезите….. (Фото)