Поврзете се со нас

Франција

Ротен: Покетино направи голема грешка со Меси

Објавено

на

Одлуката на Маурисио Покетино да не му дозволи на Лео Меси да го одигра цел натпревар со Лион предизвика многу реакции, кои не стивнуваат посебно на француска територија.

Тренерот на ПСЖ се обиде да ја објасни одлуката, но факт е дека тоа беше неочекуван момент и за самиот Меси, а тоа го потенцира и поранешниот фудбалер Жером Ротен.

Французинот е убеден дека Покетино влече погрешни потези, кои на крајот може да му се одбијат од глава.

– Мислам дека менаџирањето со тимот на Покетино е несоодветно, а и никогаш не се однесувал вака со своите најголеми ѕвезди.

– Кога се работеше за Нејмар и Мбапе, на натпреварите на кои не играа добро, тој застануваше зад нив и ги оставаше во игра до крајот на средбите. Колку што знам јас, Меси има далеку посупериорен статус и со него треба да се однесувате соодветно на таа фудбалска аура која ја поседува.

– Има простор и за други комбинации, но не на неговото деби пред своите фанови, не знам дали сакаше да означи своја територија, но мислам дека ова беше голема грешка на Покетино. Ваквите потези оставаат последици, – рекол Ротен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни