Поврзете се со нас

Франција

Ротен без влакна на јазикот распали по Силва: Никогаш не си бил како Рамос и Ван Дајк, дури и сопругата….

Објавено

на

Жером Ротен своевремено важеше за едно од најпопуларните крила во Франција и долги години го носеше дресот на ПСЖ, и тоа во периодот кога клубот од француската престолнина беше далеку од нивото кое го има денеска.

Ротен беше ѕвезда на ПСЖ кога тимот најчесто завршуваше на средина или вториот дел од табелата, па сега реши јавно да подбере еден од најценетите играчи кој до оваа сезона беше и капитен. Тиаго Силва не доби продолжување на договорот и ова лето ќе може да си бира нов клуб како слободен агент, а според Ротен, тоа е добра вест за „светците“.

– Тиаго СИлва никогаш не бил како Рамос и Ван Дајк, на ниту едно друго место немаше да ги заработи парите кои ги заработи во Париз.

– Тој е добар играч, но има лимит на ментално ниво. Кога плаќате толку пари за еден играч, очекувате да даде добри резултати на теренот. Што се однесува до мене, јас би го прекратил уште сега договорот кој истекува во август.

– Цела година плачеше за нов договор, дури и неговата сопруга се вметна во сето тоа. Најразочарувачки беше тоа што тој беше првиот кој одби намалување на платите за време на пандемијата, – открива Ротен за „Радио Монте Карло“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни