Франција
Ротен: Бензема ја премина линијата со изјавата за Меси

Жером Ротен е еден од оние аналитичари кои во неколку наврати веќе го критикуваа Лионел Меси од стартот на сезоната, но оваа тема беше актуелизирана во текот на изминативе два дена, кога Карим Бензема излезе со неочекувана изјава за сите оние кои имаат негативни коментари за Аргентинецот.
Напаѓачот на Реал Мадрид порача дека сите оние кои имаат лоши зборови за Меси не знаат ништо за фудбалот, па тоа очигледно допре до поранешниот играч на ПСЖ кој редовно ги коментира случувањата преку „Радио Монте Карло“.
Бензема: Тие што го критикуваат Меси не знаат ништо за фудбалот
Ротен дрско му возврати на Бензема и му порача дека ја минал линијата со својата констатација, а од неговите зборови, заклучи дека тој ниту еднаш не го гледал ПСЖ оваа сезона.
– Кога излегува со такви изјави, станува јасно дека нема гледано ниту еден меч на ПСЖ оваа сезона. Не е возможно да го вели тоа ако гледал еден меч. Ако гледал, ќе беше барем малку критички настроен. Овој Меси не е оној што го знаеме, затоа сметам дека критиките се конструктивни.
– Ако кажеме дека не е во најдобар момент, тоа не значи дека не разбираме фудбал. Да каже дека не знам ништо за фудбал после 17 години професионална кариера, е нешто што го сметам како преминување на линијата, – вели Ротен.
-
Шпанијапред 16 часа
Азар се врати и му ја скрши ногата на противникот, играчот на Кадиз покажа како изгледа стапалото (Видео)
-
Англијапред 17 часа
Џака распали по соиграчите откако Арсенал си ги упропасти шансите за пласман во ЛШ: Седете си дома!
-
Францијапред 15 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Италијапред 16 часа
Сари: Милинковиќ-Савиќ нема да оди во Јувентус
-
Англијапред 9 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
Италијапред 12 часа
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Светски првенствапред 5 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја
-
Лига на шампионипред 12 часа
Чеферин со најава за големото финале во ЛШ: Реал има слаба одбрана, но девет животи!