Поврзете се со нас

Италија

„Росонерите“ си тераат по старо: Милан и по вторпат не го совлада Калјари (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Милан оствари две големи победи над Јувентус и Интер и го освои Супер Купот на Италија, па се очекуваше таа нова енергија да биде пренесена во домашниот шампионат и да биде совладан Калјари на вечерашниот меч на „Сан Сиро“.

Меѓутоа „црвено-црните“ ги повторуваат старите грешки како под водство на Фонсека и по еден голем резултат, успех, не успеваат да добијат натпревар со помала екипа на која се фаворити како што беше случајот со денешниот противник кој извади бод во Милано играјќи 1-1.

На стартот на вториот дел се случија најважните моменти, Мората реализираше во 51 минута за голема радост, ама истата траеше до 55 затоа што Зортеа го израмни резултатот. Домаќините потоа има некои обиди да ново водство, но голманот Каприле беше на висина на задачата.

Само за потсетување Милан не го доби Калјари и во првото соочување кое заврши со нерешени 3-3.

(ТУКА можат да се погледнат головите)

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни