Поврзете се со нас

Италија

„Росонерите“ попуштија, Јувентус договори дефанзивец на Милан како четврто летно засилување

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Јувентус не го засилува тимот со интензитет каков што посакуваше Тиаго Мота, но клубот од Торино доцна во ноќта успеа да му го договори четвртото летно засилување на новиот тренер.

Мота побара нови играчи на неколку позиции кои ги посочи како дефицитарни во првиот тим кој го наследи од Макс Алегри, па така по Хуан Кабал кој е нов лев бек, Јувентус договори уште еден дефанзивец.

Станува збор за добро познато име во италијанскиот фудбал, бидејќи Јувентус ја продолжи праксата да купува играчи од други клубови во Серија А.

Големите ривали во Италија немаат проблеми да си разменуваат играчи и тоа е понормална ситуација на Апенините, па така Милан решил да попушти и да му ја отвори вратата на Пјер Калулу.

Стоперот кој мина четири години на „Сан Сиро“ доби јасни сигнали дека нема да биде клучен играч во системот на Фонсека, па поради тоа оваа операција не била стопирана од страна на Златан Ибрахимовиќ, кој инаку е против традицијата да се засилуваат директни ривали за врвот.

Како што јавува угледниот „Тутоспорт“, Милан дал зелено светло и ги прифатил условите на Јувентус, па така Французинот наскоро ќе се претвори во четврто летно засилување за Мота по Кабал, Тирам и Луиз.

Првично Калулу ќе игра како позајмен фудбалер за сума од 3 милиони евра, а Јувентус догодина ќе го откупи неговиот договор за 20 милиони евра.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни