Поврзете се со нас

Италија

„Росонерите“ имаат свој „Осимен“: Милан не може да се ослободи од поранешната ѕвезда на Ливерпул

Објавено

на

Виктор Осимен фати еден од „последните возови“ и успеа да ја реши својата комплексна ситуација во Наполи, такашто завчера направи трансфер во Галатасарај и премин во турската Суперлига.

Нигериецот се стави во незавидна положба поради случувањата во последниот ден од летниот преоден рок во топ 5 лигите и остана без планираниот трансфер во Челси, па откако Наполи јасно му стави до знаење дека ќе биде „замрзнат“ до крајот на сезоната, Осимен реши брзо да се договори со водечките луѓе на турскиот великан.

Осимен го искористи фактот што трансфер пазарот во Турција трае до 13-ти септември и успеа да пронајде излез од Неапол, а во вакво слично сценарио сега се надеваат и „росонерите“, кои во своите редови имаат сличен проблем како оној што го имаа Де Лаурентис и Конте.

Дивок Орики е прецртан од Златан Ибрахимовиќ и директорите на Милан од стартот на ова лето, но некогашната ѕвезда на Ливерпул во моментов не е доволно атрактивна за клубовите од топ 5 лигите во Европа, што прави во моментов единствена опција да му биде Турција.

Милан не сака да ризикува со судски спор и затоа не му го раскинува договорот на Белгиецот, за кој искрено се надеваат дека ќе пристигне понуда од Турција во наредните неколку дена.

Ориги пред само неколку години беше херој на Ливерпул во незаборавниот пресврт над Барселона во Лигата на шампионите и во тоа време беше голем „џокер“ на Јирген Клоп, но за жал сега се претвори во непосакувана личност во Миланело, бидејќи од стартот на летово тренира одвоено од првиот тим.

Ситуацијата за Ориги е навистина понижувачка и трансфер во Турција сигурно ќе биде добра вест и за него, па останува да видиме дали и ќе успее да реализира такво нешто во преостанатите девет дена.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни