Роси за налетот на Маркез и рекордите: Ако останев во Хонда уште пет години…

rosi-jamaha

Валентино Роси изминатиов викенд во Австралија го прослави својот 400-ти викенд во Мото ГП и стана единствениот со вакво постигнување, јубилеј поради кој угледната „Газета“ одлучи да направи ексклузивно интервју со еден од најдобрите возачи во историјата на мотоциклизмот.

Во моменти кога се наоѓа на залезот на својата богата кариера, Роси се наврати на најубавите денови кои ги доживеа во првата деценија од новиот век, кога најпрво беше исклучително доминантен како прв возач на Хонда, а потоа освои уште четири титули со Јамаха. Валентино направи трансфер од Јамаха во Хонда во 2004-та година, а уште на првата трка со новиот мотоцикл, популарниот „Доктор“ стигна до прва победа и ги фрли во втор план сите скептични коментари дека нема да успее во новиот тим.

– Без никаков сомнеж, тоа беше врвот на мојата кариера. Ја оставив Хонда која беше супериорна во однос на останатите и заминав во Јамаха, тим кој минуваше низ тешки моменти. Ништо не би променил од тоа што направив, преминот во Јамаха беше клучен за мене. Освоив помалку од тоа што го освоив со Хонда, но тоа беа најдобрите години во мојот живот, освен 2006-та и 2007-ма година кога ги загубив мундијалите од Хејден и Стонер, – порачува Роси кој додава дека со Хонда можел да ги надмине рекордите на Агостини од 15 титули и 122 победи.

– Вистина е дека понекогаш мислам што се можев да освојам ако останев во Хонда уште пет години. Најверојатно, со Хонда ќе ги урнев рекордите на Агостини, – вели седумкратниот шампион во Мото ГП, запрашан дали стравува од тоа што Маркез е во сериозен налет и со реални шанси да го мине на вечната листа по освоени титули (Шпанецот веќе ја заокружи шестата титула во Мото ГП како возач на Хонда).

Facebook Коментари