Поврзете се со нас

Мото ГП

Роси за драмата во Австрија: Се исплашив кога видов дека сум трет

Објавено

на

Валентино Роси го освои осмото место на Мото ГП трката во Австрија, што за него е најдобар резултат во сезоната која ќе биде последна во неговата кариера.

Драматичниот финиш изнуден од дождот во еден момент го доведе Италијанецот и до третото место, но Роси не успеа да издржи со пневматици за суво и остана без јубилејниот 200. подиум.

– Ќе беше убаво да стигнам до подиум, имав добра трка, а на два круга до крајот ја видов информацијата дека сум на трето место.

– Како да се исплашив од информацијата, па веќе во првиот свијок имав сериозен проблем, а потоа сите што сменија мотор ме престигнаа.

– Осмата позиција беше одличен резултат, посебно со условите на патеката и мислам дека не погрешив што не отидов во бокс. Точно е дека ова ми е последна сезона, но тоа не значи дека немам амбиции на трките, – изјавил Роси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни