Мото ГП
Роси си подаде рака со нов тим во Мото ГП, има опција да вози и во 2022. година
Валентино Роси на крајот на оваа сезона која воопшто не ни започна ќе остане без место во фабричкиот тим на Јамаха кој ќе го сочинуваат Вињалес и Квартараро, но сепак ова нема да значи крај на неверојатната и блескава кариера на Италијанецот.
Популарниот „Ил Доторе“ нема да има можност да ја донесе својата одлука според остварените резултатите на патеката, но фактот што Јамаха го поддржува во секој поглед, Валентино сега се согласил на навистина атрактивен договор кој му бил понуден од сателитскиот тим на Јамаха.
Всушност станува збор за малезискиот тим Петронас Јамаха, кој на Роси му понудил договор за останување во Мото ГП во 2021-ва година, но со опција истиот да биде продолжен и во 2022-ра доколку покаже задоволувачки перфораманси.
Веста за договорот меѓу двете страни ја пренесе угледниот италијански медиум специјализиран за мотоциклизам „GPOne“, кој додава дека Италијанецот ќе ужива во спецификации на мотоциклот како оние на фабричката Јамаха, се со јасна цел да биде идентично конкурентен како Вињалес и Квартараро.
Во исчекување на официјална потврда на оваа информација, веќе познато е дека тимски колега на деветкратниот шампион во Петронас ќе биде Морбидели.
-
Балканпред 14 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 4 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Шпанијапред 5 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Анти-фудбалот донесе неверојатна тензија во Билбао, Ињаки влезе во жесток клинч со противничкиот тренер (Видео)
-
Шпанијапред 18 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Италијапред 5 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Англијапред 15 часа
Макелеле се збогуваше со фановите на Челси: Време е за нов предизвик
-
Италијапред 17 часа
Наполи објави соопштение за случајот „Осимен“, но не му се извини на голгетерот