Поврзете се со нас

Мото ГП

Роси: Самиот упропастив една титула, а потоа бев ограбен во вториот обид за „десетка“!

Објавено

на

Валентино Роси не очајува и покрај трите лоши резултати кои ги оствари на стартот на новата натпреварувачка сезона во Мото ГП, а како ветеран кој е дел од „кралската класа“ и во 42-та година од својот живот, легендарниот Италијанец вели дека се уште не изгледа премногу старо за да седне на лудата машина на две тркала.

Популарниот „Доктор“ во последното интервју за „Газета дело Спорт“ призна дека неговиот крај во Мото ГП е се поблиску и на крајот ќе победи времето од кое ќе биде прегазен, но исто така се наврати во минатото во кое на двапати беше многу блиску до јубилејна десетта титула, но на крајот не го направи тоа.

– Се гледам во огледало и не гледам дека сум нешто посебно стар. Знам дека на крајот ќе ме победи времето, но за жал, во професионалниот спорт, тоа е така за сите. Сепак, со цела моја сила ќе се обидам да го одложам тоа што е можно повеќе. Тоа е единствениот мотив поради кој се уште возам и сум дел од Мото ГП, – вели Роси.

Валентино е свесен дека во 2006-та година самиот се уништи со тоа што падна на последната трка во Валенсија кога беше пред десеттата титула, додека се уште тврди дека е ограбен од Марк Маркез за онаа од 2015-та година кога беше казнет пред последната трка по инцидентот со Шпанецот.

– Јас самиот упропастив еден мундијал во 2006-та година, а со тој ќе имав десет титули. Исто така, ме ограбија во 2015-та година. Двапати бев блиску до десетката, но не сакаше да се случи, – додава Роси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни