Роси проговори за својот најголем страв во животот и додаде: Страста која ја носат трките е незаменлива

rosi-kapce

Валентино Роси изминатава сезона која заврши пред осум дена не ја одработи на своето препознатливо и задоволително ниво, а покрај големите проблеми кои ги имаше со својата Јамаха, причина за тоа беше и тешката скршеница на ногата која го остави без шанси за титулата.

Легендарниот италијански мотоциклист на овој начин пропушти уште една шанса да дојде до својата јубилејна и толку посакувана десетта титула во сите мото категории, а ако се суди според актуелниот договор кој го има со Јамаха, наредната сезона ќе биде последна шанса за Роси да ја оствари својата цел.

Колку и да сака да ја избегне пензијата, Роси кој во февруари ќе наполни 39 години и самиот е свесен дека нема да може вечно да вози на највисоко ниво, а сега призна дека токму животот без Мото ГП трките е неговиот најголем страв.

– Мојот живот е Мото ГП, навистина се плашам да престанам да возам. Академијата која ја имам е добра занимација, но тоа не е исто со страста која ја нудат трките. Не сакам да дојде тој ден, – искрено открива Роси во интервјуто за „Спидвик“ во кое додава дека негова цел број еден и натаму е 10-та титула.

– Првата цел и натаму е шампионската титула, втората е да се победува на трките, а трета цел е да се завршуваат трките на подиумот, – завршува „Докторот“.

Facebook Коментари