Мото ГП
Роси обелодени што му порачал на Маркез уште во 2015. година: Сите ќе го паметат по тоа што го направи

Валентино Роси стави крај на својата кариера и се збогуваше од мотоциклизмот со девет освоени титули, а и ден денес открива дека најмногу жали што не стигна до јубилејната 10-та која му побегна од раце во 2015-та година.
Споменатата сезона заврши со голема контроверзија поради инцидентот кој го имаше со Марк Маркез, возач кој за Роси се уште е голем спортски непријател поради валканата тактика на последните неколку трки.
Маркез пред извесно време откри дека намерно не го престинал Лоренцо во последната трка за Роси да не освои титула, по што сега со изјава се јави и „Докторот“ преку подкастот „БМСТ“.
– Со Маркез немав ривалство само на патеката, се претвори во нешто поголемо и надвор од неа. Тој направи да загубам важна титула, направи да победи колега кој не е од неговиот тим. Никогаш немав видено еден возач, а особено шампион да вози за друг. Тоа беше апсурно и ужасно, не ми дозволи да се борам со Лоренцо рамноправно.
– Тоа беше страшна година за мене, година во која можев да стигнам до јубилеј и 10-та титула во кариерата. Тоа ќе беше шлаг на тортата за мене, Маркез ми нанесе голема неправда и никогаш нема да го заборавам тоа. По инцидентот во Малезија, разговарав со него и му порачав: Дали знаеш што правиш? Си создаваш ужасна слика за себе, сите ќе те паметат по тоа што го направи…. Го прашав дали вреди да го прави тоа за да ја загубам титулата, а тој само отсутно ме гледаше, – открива Роси.
-
Светпред 23 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
АТПпред 12 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Италијапред 10 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)
-
Лига на шампионипред 12 часа
Гвардиола ги издвои двајцата играчи на Интер кои посебно го импресионирале: Имам план за финалето
-
Англијапред 9 часа
Глејзерови го користат првиот човек на ПСЖ во обидот да изнудат повеќе пари за продажбата на Јунајтед
-
Лига на шампионипред 24 часа
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
НБАпред 10 часа
Јокиќ коментираше потег на соиграч и ги изнасмеа новинарите: Сакав да го удрам… (Видео)
-
Лига на шампионипред 22 часа
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…