Роси со нова објава на Инстаграм јасно стави до знаење што мисли за Маркез (Фото)

rosi-svetlina

Валетнино Роси брутално како никогаш претходно го нападна Марк Маркез за неговото возење на трката за Големата награда на Аргентина и порача дека веќе почнал да се плаши кога гледа дека Шпанецот е зад него на патеката, а иако во меѓувреме доби порака од легендарниот Џакомо Агостини да не ја прави работата поголема од тоа што е, популарниот „Ил Доторе“ сега со најновата објава на Инстаграм јасно стави до знаење дека неговото мислење не е променето.

Шест дена по трката која се извозе минатиот викенд, Роси одлучи да направи кратка анализа за неговата трка, а во реченицата не пропушти да го вметне и возачот на Хонда на кого сега му даде нов епитет, „опасен возач“.

– Термас де Рио Хондо, Аргентина. Недела. Тешка трка уништена од страна на опасен возач, – гласи објавата на Валентино кој ја искористи паузата во Мото ГП за да се огласи на социјалните мрежи.

Facebook Коментари