Мото ГП
Роси никогаш нема да му прости на Маркез: Никој во историјата не бил валкан како него!
Валентино Роси беше на чекор од освојување на јубилеен 10-ти шампионски трофејот во трите мотоциклистички класи, но во 2015-та година беше сопрен од Марк Маркез со кого влезе во жесток клинч на неколку трки, со тоа што драмата посебно ескалираше во Малезија.
Шпанецот одработи за својот сонародник Хорхе Лоренцо и го оневозможи „Докторот“ да стигне до толку посакуваната и чекана 10-та шампионска титула, па иако од споменатите трки помина речиси една деценија, Италијанецот ја чувствува истата лутина како во Сепанг пред девет години.
Говорејќи во поткастот на Андре Мињо, Роси се обиде да образложи како почнала и како завршила „војната“ со Маркез, кој тој го нарекува највалканиот возач во историјата на Мото ГП.
– Пред стартот на сезоната, знаев дека најголем конкурент ќе ми биде Маркез. На првата трка победи тој и избега уште во првата кривина. Почна добро за него, но нашата борба стартуваше во Аргентина. Се обиде да ме истурка, на крајот заврши во задниот дел од мојот мотоцикл и тој падна. Тука почна нашата борба и работите само одеа надоле.
– Иако се обидуваше да ми ласка и по трката во Аргентина, знаев дека нешто не е во ред. Потоа следеше нашата битка на трката во Асен, го победив во последниот свиок и покрај тоа што бев истуркан. Го пресеков свиокот и избив прв на целта. После трката, тој ми рече: Лесно е да се победува на таков начин.
– Во тој момент нашата врска целосно се распадна, веќе не постоеше однос. После тоа, во падокот се проширија гласини дека сите во неговиот тим ќе работат против мене, ќе направат се за да јас не ја освојам титулата. Тоа го дознав и од мои блиски пријатели во Шпанија. Видов дека се трка против мене и во Австралија, тој си поигруваше со нас и на крајот победи.
– После тоа следеше Малезија…… Тој веќе не беше во трката за титулата, не сум видел еден возач да се меша кога веќе не е во игра за шампионскиот трофеј. Во Сепанг ми направи голема штета, ми ја уништи цела трка и ми го уништи мундијалот. Се обиде да ме бутне три или четири пати, во моментите кога падна, јас само го погледнав во лице и сакав да му кажам „што правиш по ѓаволите“! Јас не сакав да го бутнам, но тој падна и на крајот направи јас да останам без титула. По трката не викнаа од дирекцијата на трката, ми кажаа дека ќе стартувам последен во Валенсија. Мене ми се заледи крвта, ми ги скратија нозете, а тој се погледна со својот менаџер и како сакаше да му каже „успеавме во нашата намера“!
– Има многу возачи кои возат блиску до валкано, но ниту еден шампион кој возел мотоцикл не се борел против свој колега кога нема шанса за титула. Јасно се обидуваше да ја загубам титулата и успеа во тоа. Никој не бил толку валкан како него, – завршува Роси.
-
Англија19 часа
Карсли самиот се прецрта, Кин советува кој треба да биде идниот англиски селектор
-
Англија24 часа
Ексклузива на „Билд“: Јунајтед добил „корпа“ од германски тренер пред да го потврди Тен Хаг
-
Лига на нации20 часа
Милевски со најкраток говор во својата кариера: Вие не сте нормални! (Видео)
-
Лига на нации24 часа
Милевски со три промени во почетниот состав за пресметката со Ерменија
-
Лига на нации19 часа
Македонија му пресуди на ерменскиот селектор со победата во Ереван (Фото)
-
Лига на нации21 час
Два мајсторски погодоци во Ереван донесоа историски успех за македонската репрезентација (Видео)
-
АТП23 часа
Ѓоковиќ загуби од Синер, па му се обрати на Федерер кој беше на трибините (Видео)
-
Свет22 часа
Легенда на Ливерпул со брутални зборови за Погба: Мурињо беше во право, тој е како вирус