Мото ГП
Роси најави уште колку години ќе биде дел од Мото ГП пред стартот на новата сезона

Марк Маркез вчера соопшти дека сепак нема да стигне навреме и ќе ги пропушти првите две трки од новиот Мото ГП мундијал во Катар, којпак по се изгледа, повторно нема да биде последен за легендарниот и неповторлив Валентино Роси.
Италијанскиот „Доктор“ денеска откри дека неговиот проект со новиот тим „Петронас Јамаха“ не се заснова само на една година соработка, односно нагласи дека неговиот план е да биде дел од „кралската класа“ во мотоциклизмот и наредната 2022-ра година, која најверојатно ќе биде последна во неговата богата и трофејна кариера.
– Искрено, мојата цел е да возам уште две години, – изјави деветкратниот шампион во директното прашање во интервјуто за „Ла Република“.
– Како и претходно, се ќе зависи од тоа како ќе се одвиваат работите на патеката. Многу важна ќе биде оваа 2021-ва година, ако се забавувам, ако се борам за врвот и за подиумот, ако бидам дел од топ 5, ќе продолжам уште една сезона, – нагласи Роси кој има полни 42 години, а доколку го исполни својот зацртан план, ќе го гледаме на патеките и на 44-годишна возраст.
– Првиот тим на Јамаха ги избра Вињалес и Квартараро за оваа сезона и јас го прифатив тоа. Но, кога отидов кај нив, им реков дека не можат да ме извисат и поради тоа ми дадоа мотоцикл во сателитскиот тим, – објаснува Валентино кој оваа година ќе го гледаме во ново руво, односно во нови бои.
Првата трка од календарот во Мото ГП е на програмата претстојниот викенд, а сезоната ќе започне со трката за Големата Награда на Катар.

- Англијапред 22 часа
Оле верува дека постот по заминувањето на Сер Алекс наскоро ќе заврши: Има напредок, блиску сме до трофеј
- Италијапред 19 часа
Убав гест на Манџукиќ: Не играше за Милан, па ја одби платата и од клубот побара едно нешто
- Англијапред 23 часа
Екс ѕвезда на Манчестер Сити се уште е во лоши односи со Гвардиола: Му пишав порака, но не ми врати
- Шпанијапред 24 часа
Клајверт заминува од Барселона
- Англијапред 23 часа
Тухел со ветувачки најави за следната сезона: В година ќе е „друга песна“, дефинитивно ќе ги гониме
- Формула 1пред 20 часа
Фетел објасни зошто одбил да се вакцинира во Бахреин
- Англијапред 19 часа
Солскјер одговори на коментарите на Погба за Мурињо
- Англијапред 21 час
Брус нема дилеми кој треба да ја освои наградата за најдобар тренер во Премиер лигата