Поврзете се со нас

Мото ГП

Роси: Многумина ја отворија веста за моето пензионирање

Објавено

на

Валентино Роси имаше многу подобри импресии на патеката за време на денешните петочни тренинзи во Мисано, па по крајот на истите, нагласи дека во Австрија се чувствувал како да има 50 години, а денеска 20 помалку.

Роси е задоволен како одговорила неговата Јамаха на денешните тренинзи во пресрет на утрешните квалификации, но што е поважно за јавноста, популарниот „Доктор“ се огласи и за веста која предизвика огромно внимание во измнинатите 48 часа.

Со оглед на тоа што не се официјализира неговата соработка со Петронас Јамаха, во четвртокот наутро се појави шпекулација дека тој ќе се пензионира и ќе му го отстапи своето место на Довициозо, нешто што комплетно го демантираше искусниот Италијанец.

– Ситуацијата е иста како пред две-три седмици. Не се брзаме, најголемиот дел од работата е завршен. Остана уште нешто да прецизираме со Јамаха. 99 проценти ќе се тркам наредната сезона, оној еден е само поради тоа што договорот не е потпишан. Можеби тоа ќе се случи за две седмици во Барселона, – изјави Вале и додаде.

– Моето пензионирање би било голема вест, сигурен сум дека многумина ја кликнале веста за моето повлекување. Многупати порачав дека ќе се тркам наредната сезона и ништо не е променето, но сигурно поинтересно е да се напише дека се повлекувам, – порача Роси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни