Роси: Ибрахимовиќ нема да ги реши проблемите на Милан

ibrahimovic

Поранешниот италијански репрезентативец и некогашна ѕвезда на Јувентус и Милан, Паоло Роси смета дека Златан Ибрахимовиќ не е решение за проблемите на „росонерите“.

„Црвено-црните“ веќе неколку години резултатски се мачат, а така е и во оваа кампања во која влегоа со амбиции да бидат во Топ 4 и обезбедат пласман во Лигата на шампионите, меѓутоа во моментов се далеку од тоа, односно се потребни засилувања и се споменува Ибрахимовиќ како еден од играчите кој би можел на зима да пристигне на „Сан Сиро“.

-Не знам дали тој ќе се врати. Тој е играч кој има извонредна кариера, но не може да ги реши проблемите на Милан. Тие закрпуваат една дупка, но водата излегува од многу други. Тој не би бил инвестиција корисна за иднината, туку само во наредните шест месеци. Па што има тука корисно? Да, тој може да му даде нешто на тимот, но Милан има многу проблеми, -смета Роси.

Facebook Коментари