Мото ГП
Роси го сподели онборд видеото од својата Јамаха и одржа лекција за страшниот инцидент (Видео)
Валентино Роси и Маверик Вињалес до крајот на своите животи ќе ја паметат овогодишената трка за големата награда на Австрија, бидејќи само чудо ги спаси од огромна несреќа и трагичен епилог во кривината број 3 на патеката „Ред Бул ринг“.
Инцидентот всушност го зачнаа Жоан Зарко и Франко Морбидели кои се допреа пред кривината 3, но нивниот судир се случи при огромна брзина, што двата нивни мотоцикли се катапултираа како залутани куршуми.
Вистинска среќа беше тоа што Роси и Вињалес минаа без никакви последици, бидејќи буквално сантиметри ги делеше од огромна трагедија и страшни сцени во Австрија. Двајцата возачи на фабричкиот тим на Јамаха беа свесни дека и погледнаа на смртта во очи и Роси нагласи дека светецот на мотоциклистите ги чувал во неделата, а иако се уште смета дека Зарко е виновник за страотниот инцидент, сега во својата објава на Инстаграм нагласи дека тоа го направил ненамерно.
„Докторот“ сподели видео од неговата онборд камера и вели дека тие сцени се најстрашни за него, но во продолжение се обиде да објасни дека ова видео треба да им послужи на сите во Мото ГП како јасно предупредување колку треба да внимаваат на патеката.
– Сликите од мојата онборд камера се оние кои најмногу ме плашат, тука можете да сфатите колкава беше брзината со која мотоциклот на Франко мина точно пред мене. Помина толку брзо, што не го ни видов, кога се соземав, во истата секунда гледав како мотоциклот на Зарко буквално лета над главата на Маверик. За чудо, никој не се повреди, но се надевам дека овој инцидент ќе ги натера сите да размислуваат, особено ние возачите. Зарко не го предизвика инцидентот намерно, но останува неговата сериозна грешка во оценката што возач на Мото ГП не смее да си ја дозволи, особено при сопирање од 310 километри на час. Со брзо движење во десно и сопирање пред „лицето“ на Франко, не му даде простор за забави, па Морбидели го погоди со полна гас и брзина. Знам дека во трката сите играме за многу нешта и сите даваат се од себе да останат пред другиот, но не смееме да заборавиме дека нашиот спорт е опасен, а нашата безбедност и безбедноста на противниците е многу поважна од тоа да се добие позиција плус, – гласи објавата на Вале.
-
АТПпред 23 часа
Алкарас: Ѓоковиќ има слаби точки, но…
-
ВТАпред 21 час
Ѓорческа ја надигра шестата носителка на силниот турнир во Копер
-
Лига на шампионипред 23 часа
Гундоган: Секој детаљ се казнува во ЛШ, подобро да примевме гол…
-
Лига на шампионипред 11 часа
Пенал рулетот за „кралевите“: Реал го детронизираше европскиот шампион Сити (Видео)
-
Германијапред 18 часа
Кан: Само еден тим е подобар од Баерн во ЛШ
-
Лига на шампионипред 12 часа
Тухел оствари историја со победата над Арсенал, Нојер е нов рекордер (Фото)
-
АТПпред 16 часа
Надал се прости од Барселона: Направив нешто што беше незамисливо
-
Лига на шампионипред 12 часа
Кимих му пресуди на Арсенал, Германија ќе има два претставници во полуфиналето (Видео)