Поврзете се со нас

Мото ГП

Роси го посочи виновникот за страшниот инцидент: Светецот на мотоциклистите ме чуваше денеска! (Видео)

Објавено

на

Страшниот судир меѓу Жоан Зарко и Франко Морбидели на Мото ГП трката во Австрија и натаму е топ тема меѓу фановите на овој спорт, а заклучокот дека за среќа инцидентот мина без повреди, не ги стивнува реакциите на социјалните мрежи.

Покрај Зарко и Морбидели, под голем ризик беа и Валентино Роси и Маверик Вињалес кои имаа среќа на патеката, а искусниот Роси не криеше дека се исплашил како никогаш во долгата кариера.

„Докторот“ не го штедеше Зарко во однос на инцидентот и не само што директно го обвини за судирот, туку побара и санкции за Французинот. Искусниот Валентино и во минатото го има напаѓано Зарко за преагресивниот стил и неговото непочитување на патеката кон останатите колеги, а денешниот инцидент кој за среќа мина без повреди исклучително го разлути Роси.

– Многу е јасно што се случи. Зарко не сакаше да биде минат на сопирање, па сопре пред носот на Морбидели. Тој е вистински лудак, но овие работи не се нови за него, – жестоко порача Роси за „Скај“ и додаде.

– Од позадина видов сенка, мислев дека е од хеликоптерот кој не нагледува. Почувствував страв, мора да кажам дека светецот на мотоциклистите денеска заврши голема работа, ова беше премногу опасно. Ова беше најризичната ситуација во која сум се нашол во кариерата, за влакно не ме собра мотоциклот на Морбидели, – се надополни Вале, кој за крај побара жестока казна за Зарко.

– Во ред е да се биде агресивен, но никогаш не смеете да го загубите респектот кон противникот. Овој спорт е многу опасен, мора да имате респект на патеката. Зарко не е нов во овие работи. Морбидели не можеше да направи ништо, се заби во неговиот мотоцикл бидејќи овој сопред пред него, – заврши Роси.

На следното видео се гледа како Зарко закочи не недозволено место, но и во повторена снимка се гледа колку Роси имаше среќа ова попладне во Австрија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни