Мото ГП
Роси ги избра трите најслатки победи и трите најголеми ривали во Мото ГП
Валентино Роси се уште нема донесено одлука за повлекување од мотоциклизмот и покрај тоа што наполни 41 година, а како седумкратен шампион во Мото ГП шампионатот, легендарниот Италијанец сега направи едно искрено интервју за „Би-Ти Спорт“.
Популарниот „Ил Доторе“ дефинитивно не ги бележи своите најдобри години во изминатиов период во кој домионира Марк Маркез, нешто што беше карактеристика за него пред десетина години, кога едноставно беше недопирлив во „кралската класа“. Својата доминација како возач на Хонда, Роси ја продолжи и во Јамаха, а правејќи една ретроспектива за воведната деценија во новиот милениум, Валентино ги наброја своите три најдобри победи и тројцата најголеми ривали.
– Имам три победи кои ги сметам за најдобри, а тоа се следните. Онаа во Велком која беше моја прва во Јамаха, потоа онаа во Лагуна Сека и борбата со Кејси Стонер, како и онаа во Барселона во 2009-та година кога се борев со Хорхе Лоренцо во последниот круг. Што се однесува до борбите и моите најдобри ривали, имав одлични битки со Макс Бијаџи, со Сете Жиберно и подоцна со Хорхе Лоренцо. Кога имате такви ривалства, тоа ве тера да го подигнете нивото уште повисоко. Борбите започнуваат обично, а потоа стануваат лична работа, – порачува Роси.
-
Англијапред 23 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Шпанијапред 22 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Италијапред 23 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 20 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Англијапред 22 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
Англијапред 21 час
Артета остана без најважниот офанзивен играч: Колку и да внимаваме…
-
АТПпред 11 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…
-
Германијапред 22 часа
Фановите на Баерн испратија порака прекинувајќи го куп дуелот со тениски топчиња (Видео)