Роси со детална анализа на најслабата точка кај неговиот ривал: Спасувањата на Маркез не се случајност!

rossi mym daylight qatar1 2018

Марк Маркез ја освои четвртата титула во пет години натпреварување во Мото ГП, па младиот Шпанец често е тема на дискусија и меѓу легендите на спортот кои го коментираат неговиот пристап и стил.

Во пресрет на ланската последна трка од сезоната која одлучуваше за титулата, Андреа Довициозо како единствен конкурент на Маркез посочи дека неговата шанса е во честите излетувања на Маркез. За волја на вистината, Маркез имаше момент на несигурност, но успеа да „се спаси“ и потоа стигна до шампионскиот трон.

Магазинот „Riders“ објави изјава на Валентино Роси дека бројните спасувања од пад во текот на сезоната не можат да се сметаат за случајност, бидејќи тие се премногу чести. Во текот на минатата сезона тоа било особено очигледно, па Роси смета дека избегнувањата на падовите не се „чиста среќа“.

– Импресивно е дека тој повеќе не паѓа толку често. Имаше толку многу спасувања во ланската сезона, што не може да биде коинциденција. Според мене, тој работел и ја подобрил својата техника, неговиот стил или возење му помагаат. Не знам дали тоа е нешто природно или нешто што го тренирал, но тој го става своето тело меѓу мотоциклот и асфалтот, го користи да не падне. Нема врска со електрониката, туку со начинот на производство. Хонда е конструирана на тој начин што дури и кога предното тркало е затворено, моторот продолжува да се навалува. Нашиот мотор не е таков, ако се затвори предното тркало се допира подлогата и не можеш повеќе да се исправиш,- објасни „докторот“ Роси.

Новата сезона во Мото ГП стартува со трката под рефлектори на патеката „Лосаил“ крај Доха, за Големата награда на Катар.

Facebook Коментари