Поврзете се со нас

АТП

Росе: Нема причина Федерер да не игра на Ролан Гарос

Објавено

на

Рожер Федерер подолго време беше надвор од тениските терени за да конечно се врати оваа година на турнирот во Доха каде загуби во четвртфиналето по што направи нова пауза.

Се очекува Федерер да заигра на Мастерсот во Монте Карло, но останува неизвесно дали ќе биде дел од Ролан Гарос, грен слем на кој Швајцарецот немаше многу успеси во кариерата.

Според олимпискиот шампион Марк Росе популарниот Федекс треба да настапи во Париз без разлика што потоа веднаш следи неговиот омилен турнир Вимблдон.

-Не гледам зошто Рожер не би играл на Ролан Гарос. Тој работи на кондицијата заедно со Пјер Паганини, ама потоа мора да излезете на терен и да одиграте натпревари, -вели Росе кој освои златна медала на ОИ во 1992 година.

Сепак фактот што Френч Опен е поместен за една недела може да влијае на Федерер, причината за тоа е турниор во Хале кој е еден од неговите омилен и истиот се игра еден ден по финалето во Париз.

-Ако Федерер дојде до полуфиналето, тоа би била најдобра подготовка за Вимблдон, -смета Росе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни