Рос Браун: Не сакам да ја коментирам одлуката на стјуардите, но…

Ros-Braun1

Спортскиот директор на Формула 1, Рос Браун, во својата најнова изјава се обиде да ги опфати контроверзните моменти од трката во Канада, но очекувано избегна да ја коментира оправданоста на казната за Себастијан Фетел.

– Разбирам како се чувствува Фетел и знам дека Ферари веќе ја обжали одлуката. Исто така знам дека стјуардите имаат многу сложена работа затоа што треба да донесат одлуки за краток период.

– Јас немам право да коментирам за конкретната одлука, затоа што тоа нема да биде правилно со оглед на функцијата која ја извршувам. Стјуардите сигурно и самите не би сакале да одлучуваат за победникот со своите одлуки, што само покажува и колку им е тешка работата. Ги разбирам и фановите на кои им е тешко да прифатат дека пилотот кој стигнал прв на целта, не е победник на трката. Затоа и треба да има поголема транспарентност во нивното работење, треба да се објаснуваат нивните одлуки во спорт каков што е Ф1. Ќе треба да работиме со ФИА за да постои начин со кој стјуардите би ја објасниле одлуката на фановите и како стигнале до истата, – вели Браун.

Facebook Коментари