Рос Браун со јасна порака: Формула 1 ќе биде успешна и без Ферари

Ros-Braun1

Актуелниот спортски директор на Формула 1, Рос Браун, испрати порака до Ферари со која навести дека тој и новите сопственици на шампионатот нема да толерираат закани и условувања од легендарниот тим.

– Ферари е важен елемент за Формула 1 и ние го прифаќаме тоа, Скудерија е долго поврзана со првенството и ние не сакаме да го загубиме тоа. Но, уште поважно е работите во овој спорт да бидат коректно организирани, па затоа и очекуваме промените да имаат позитивно влијание. Формула 1 ќе продолжи да постои и без Ферари.

– Во минатото сме виделе да се откажуваат светски шампиони и екипи, но спортот продолжил да се развива. Тоа ќе се случува без разлика дали Либерти Медиа се сопственици или дали Ферари ќе учествува. Сигурно без Ферари, Ф1 нема да биде подобар шампионат, но нема да дозволиме ниту еден тим да диктира услови, – потенцира Браун.

Facebook Коментари