Рони задрема за време на меч, па со пресврт го среди противникот во Глазгов (Видео)

roni-dreme

Рони О’Саливен на драматичен начин го доби дуелот со Ли Хан на снукер првенството на Шкотска, а притоа искористи и една специфична стратегија која предвидуваше и одмор за време на мечот во Глазгов.

Снукер маестрото кој неодамна го освои првенството на Велика Британија има густ распоред, а денеска во третото коло во Шкотска имаше негатива од 3:2, но на крајот славеше со 4:3 и се најде во следната фаза на престижниот турнир.

Она што беше новитет е дремењето за време на мечот, невообичаена ситуација која очигледно му помогна на „Ракетата“ и тој одговори на вистински начин на предизвикот на амбициозниот противник.

– Докторот ми препорача да ја користам секоја прилика за одмор, така што подремав малку иако знам дека не треба да спијам за време на меч, – изјавил О’Саливен по победата која беше остварена по неколку задремувања за време на фрејмовите. Негов следен противник во осминафиналето е Мајкл Вајт.

Facebook Коментари