Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Рони О’Саливен се врати со „Ел Чапо“ имиџ и делеше лекции во Чемпионшип лигата

Објавено

на

blank

Турнирот наречен Чемпионшип лига го врати снукерот меѓу спортовите кои се активни за време на КОВИД-19 кризата, а истиот се одржува без публика и без напуштање на комплексот од страна на учесниците и официјалните лица.

Овој настан го означи и враќањето на Рони О’Саливен на снукер турнирите по паузата од четири месеци, а тој вчера успеа без загубен фрејм да стигне до три победи и со ефект 9:0, го освои првото место во својата група.

На овој начин „ракетата“ веќе е во втората фаза, каде сега ќе игра во група со Харви Чендлер и победниците од две други групи.

Покрај маестралниот настап во трите дуели, О’Саливен го предизвика вниманието и со новиот имиџ, односно мустаќите кои предизвикаа дополнителни симпатии кај снукер фановите.

– Добро се забавував, посебно што речиси и да не сум играл снукер од февруари, тренирам само по 4-5 часа неделно.

– Што се однесува до мустаќите, реков дека додека сме во карантин ќе пуштам брада, но тоа не беше баш практично, па мојата партнерка ми ја предложи оваа варијанта. Неколку луѓе ми рекоа дека личам на „Ел Чапо“, а други ме споредија со Фреди Меркјури, – изјавил секогаш расположениот за шега, Рони О’Саливен.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни