Билијард и Снукер
Рони О’Саливен: Сакам карантинот да потрае уште пет години
Рони О’Саливен ги насмеа снукер фановите со својот нов изглед кој го стекнал за време на карантинските денови, но „Ел Чапо“ стајлингот повеќе нема да го гледаме во Чемпионшип лигата бидејќи Британецот беше елиминиран од Стјуарт Бингам.
По трите одлични резутати во првата рунда, до израз дојдоа слабите тренинзи за кој самиот Рони говореше пред неколку дена, но елиминацијата од Чемпионшип лигата не му падна тешко на петкратниот шампион кој откри дека повеќе уживал во карантинот, отколку сега на турнирот.
Поради рестрикциите, турнирот се одржува без присуство на публика, но Рони не е многу загрижен за тоа бидејќи негова желба е карантинот да продолжи уште пет години.
– Навистина уживав во карантинот. Зборував со пријателите и со семејството. Зборувавме за снукерот, за се и сешто. Навистина сакам карантинот да потрае уште пет години.
– Лудо беше што воопшто дојдов на турнирот. Пред него, 24 сата минував во својата соба и се чувствував одлично. Исто така, имав време за се и бирав што можам да јадам и кога ќе го правам тоа, – додаде Рони.
-
Англија15 часа
Тренерот на Кристал Палас откри дека посебно таргетирале еден играч на Арсенал
-
Македонија3 часа
Украинецот во елемент во клучен момент: Мајсторијата на Горига за победа на Вардар во Битола (ВИДЕО)
-
Шпанија16 часа
Анчелоти беснееше по играч на Реал, па веднаш го извади од игра: Ова не е театар! (Видео)
-
Шпанија10 часа
Тежок удар пред „Ел Класико“: Реал соопшти најлоша вест за Камавинга (Фото)
-
Италија15 часа
Инѕаги: Мора да му честитаме на Милан за тоа што ни го направи оваа сезона
-
Германија14 часа
Баерн се откажува од талентираниот Шпанец за кој се крена голема врева пред 18 месеци
-
Италија12 часа
Инѕаги беснееше по четвртиот судија и му забрани да покаже петминутно продолжение (Видео)
-
Германија8 часа
Астрономската плата на Дејвис предизвикала интерен бунт во соблекувалната на Баерн