Билијард и Снукер
Рони О’Саливен не е воодушевен од Хамилтон: Доминира само поради својот болид

Големата снукер ѕвезда, Рони О’Саливен, признава дека неговиот сонародник Луис Хамилтон постигнал навистина неверојатен успех во Формула 1, но за него тоа не е доволно да го вклучи меѓу најдобрите спортисти на денешницата.
Од „ракетата“ било побарано да направи избор на седум врвни спортисти, кои според него се над останатите на светската сцена, а таму немало место за седумкратниот Ф1 шампион.
– Фантастично е што Луис освои седум титули, но ако вашиот болид е побрз од другите, можете да си дозволите и некоја грешка и тоа да не се почувствува.
– Мене повеќе ми изгледа како возење со запалена цигара и држење на воланот со еден прст. Во теорија се што треба да направи Хамилтон е да го победи својот клупски колега Валтери Ботас, а за него се чини дека е задоволен и со второ место.
– Немаше да се чувствувам подеднакво успешно во мојата снукер кариера, ако дупките на масата беа поголеми кога јас сум на потег, – изјавил О’Саливен.
Рони во големата седумка ги вклучил Рожер Федерер, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ, Лионел Меси, Кристијано Роналдо, Тајгер Вудс и Фил Тејлор (пикадо).

- Германијапред 21 час
Колер знае зошто Алаба си заминува од Баерн: И јас истото го направив
- Шпанијапред 22 часа
Дмитровиќ стана втор голман кој не реализирал пенал во Ла Лига последните две децении (Видео)
- Италијапред 23 часа
Михајловиќ: Настапив на „Санремо“ за да ги задевам српските пејачи
- Францијапред 23 часа
Маркињос: Мбапе е подобар без Нејмар? Доста со тие глупости
- Италијапред 20 часа
Демирал и Пирло со специјален поздрав по триумфот над Лацио (Видео)
- Англијапред 8 часа
Ферги се отвори и проговори за најголемиот страв во животот: Се плашев дека нема да можам да прозборам
- Шпанијапред 11 часа
Куман за своето ново откровение во Барса: За мене годините не се важни
- Италијапред 20 часа
Инѕаги: Ова е болен пораз, Лацио заслужи повеќе