Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Рони О’Саливен ја освои шестата светска титула во „Крусибл“ (Видео)

Објавено

на

Рони О’Саливен ја освои шестата титула на Светското првенство во снукер кое традиционално се одржува во „Крусибл“, победувајќи го Кајрин Вилсон со убедливи 18:8 во финалето кое се играше вчера и денес.

Англискиот маестро се израмни со Рej Рирдон и Стив Дејвис по бројот на титули на турнирот во Шефилд, а има само една помалку од рекордерот Стивен Хендри кој освои седум во својата одлична кариера.

За О’Саливен ова е и 37 титула на ранкинг турнирите, што значи надминување на ефектот на Хендри, кој во својата кариера освои 36 ранкинг титули.

О’Саливен рутински го победи помладиот Вилсон кој првпат играше во финалето, по првата сесија водеше со 6:2, по втората 10:7, а третата ја заврши со предност од 17:8.

Во вечерната сесија на Рони му требаше само еден од десет можни фрејмови, а тој го освои веќе првиот, со што стигна до израмнување на најубедливата победа во финалето, откако со истиот резултат го победи Али Картер во 2008 година.

За победата, О’Саливен ќе заработи 500.000 фунти и ќе се искачи на второто место на светскиот снукер ранкинг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни