Рони О’Саливен го „збриша“ Фу за 82 минути на Мастерсот во Лондон (Видео)

Roni-OSaliven1

Рони О’Саливен ја имаше фаворитската улога во дуелот со Марко Фу, но никој не можеше да очекува дека снукер ѕвездата ќе се пласира во четвртфиналето на Мастерсот во Лондон за само 82 минути.

„Ракетата“ го преслуша својот ривал со 6:0 во фрејмови, од кои три ги доби со сенчри брејка (120, 121 и 112), па сам се најави како голем фаворит за освојување на рекордната седма титула на Мастерс турнирот кој и годинава се одржува во „Александра Палас“ во Лондон.

Следен противник на О’Саливен ќе биде Марк Ален.

Facebook Коментари