Рони О’Саливен фуриозно до шеста титула во Јорк

Ronnie-UK

Иако се очекуваше понеизвесен дуел во финалето на Британскиот шампионат меѓу Рони О’Саливен и Шон Марфи, првиот успеа да триумфира со убедливи 10:5 и да дојде до шестата титула на овој престижен турнир во „Барбикан“ арената во Јорк.

„Ракетата“ водеше со 2:0 и 4:2, но првата сесија заврши со нерешени 4:4, за во вечерната сесија да воспостави целосна доминација губејќи само еден фрејм и освојувајќи пет во серија од 5:5 за конечни 10:5 во големото финале.

Фантастичното издание на О’Саливен донесе заслужена победа на Британскиот шампионат, тој се израмни со Стив Дејвис според рекордниот бројот на титули на овој турнир (6), исто како и со 18 трофеи на турнирите од „тројната круна“ колку што има и Стивен Хендри.

Facebook Коментари