Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Рони како вистинска „ракета“: О’Саливен постави нов рекорд со експресната победа во „Крусибл“

Објавено

на

Рони О’Саливен без никакви проблеми и со еден загубен фрејм се пласираше во второто коло на Светското снукер првенство кое и годинава се одржува во Шефилд.

Противник на О’Саливен му беше тајландскиот снукер играч Тепчаја Ух-Нох, а нивниот дуел започна уште вчера, откако првата сесија заврши со резултат 8:1 во корист на фаворитот.

Рони денеска само ја доврши работата со дополнителни два фрејма за конечни 10:1, но истовремено постави нов рекорд.

Овој дуел од првото коло во „Крусибл“ траеше само 108 минути, што е најбрз меч во историјата и за 41 минута пократок од досегашниот рекорд кој го држеше Шон Марфи со победата од 10:0 над Луо Хонгхао.

О’Саливен само го потврди својот прекар „ракета“, откако просечно за секој удар му биле потребни само 14 секунди, а на крајот го доби најбрзиот меч во историјата на престижниот турнир.

Во следната рунда, противник ќе му биде Динг Џунгхуи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни