Поврзете се со нас

Италија

Ронгони: Се надевам Лацио ќе го освои Скудетото, а потоа ние да му го зададеме последниот удар на Јувентус

Објавено

на

Фитнес тренерот на Лион, Паоло Ронгони се надева дека неговиот клуб и Лацио ќе му ја уништат на Јувентус оваа натпреварувачка кампања.

„Старата дама“ е прва во Серија А, меѓутоа одличниот Лацио е на бод од нив што значи ги очекува голема битка во последните 12 кола, додека пак во осминафиналето на ЛШ клубот од Торино ќе мора да брка негатива против Лион од 1-0.

-Се надевам дека Лацио ќе го освои Скудетото и дека Јувентус ќе мора да игра со тоа дека ја изгубиле титулата. Се надевам оти во нивната екипа ќе настане хаос и ние ќе им го зададеме последниот удар. Тие сигурно ќе пристигнат во подобра состојба од нас по 12 одиграни натпревари. Единствено што може да ни даде предност е ако работите не одат добро за Јуве.

-Ова ќе создаде внатрешно цунами. Тоа е единствениот начин на кој можеме да ги подобриме нашите шанси, -вели Ронгони.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни