Поврзете се со нас

Свет

Рондон го постигна најубавиот гол на Копа Америка, Канада ќе игра во полуфиналето (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/CanadaSoccerEN

Копа Америка го доби вториот полуфиналист ова утро, а тоа е селекцијата на Канада која направи историски успех со пласманот меѓу четирите најдобри во Јужна Америка.

Венецуела и Канада одиграа неверојатно израмнет меч и неслучајно се дојде до пенал рулет, а таму подобри беа Канаѓаните кои стигнаа до полуфинале во своето прво учество на Копа Америка.

Канада поведе со голот на Шафелбург во 13-та минута од мечот, но Венецуела не се откажа и во вториот дел направи се за да стигне до израмнување.

Соломон Рондон имаше момент на инспирација и го лобуваше противничкиот голман од 40 метри, па по истекот на регуларните 90 минути, се пристапи кон изведување пенали.

Во првите пет серии немаше победник и видовме по две промашувања, а клучниот гол за победа го постигна Коне во шестата серија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни