Поврзете се со нас

Шпанија

Роналдо: Знам што ќе се случи кога Мбапе ќе дојде во Реал

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Килијан Мбапе има договор со Пари Сен Жермен до 30 јуни оваа година, договор кој нема да продолжен со што го остава Французинот без никаков проблем да ја избере наредната дестинација.

Информациите се дека тој веќе донел одлука и за следен клуб во кариерата го избрал шпанскиот великан Реал Мадрид. Потврда за оваа вест се уште нема, меѓутоа со оглед на тоа што голем број на медиумски куќи, новинари информираа за ова јасно е дека работата е завршена и само прашање на време кога ќе биде официјализирана.

Легендарниот Роналдо смета дека ако се оствари најавеното сценарио Мбапе ќе стане најдобар играч во Реал и ќе ја освои Златната топка.

-Мора да почекаме да биде официјално објавено пред да навлеземе во детали, но јасно е дека сите едвај чекаат Мбапе да замине во Мадрид. Тој е неверојатен играч. Знам точно што ќе се случи кога Мбапе ќе дојде во Мадрид. Тој ќе стане најдобар играч и ќе ја освои Златната топка. Мислам дека тоа е добар избор за него, -рече Бразилецот и додаде:

-Не знам која е вистината, но луѓето зборуваат за заминување на Мбапе од Пари Сен Жермен. Секако, тој ќе има тим во Реал кој ќе го поддржи во каква било одлука што ќе ја донесе. Во Мадрид ќе има тим кој ќе му помогне и на теренот и надвор од него. Ќе го заштитат. Имаше добри моменти во ПСЖ, беше голема ѕвезда на проектот, -заклучи еден од најголемите напаѓачи на сите времиња.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни