Поврзете се со нас

Свет

Роналдо: „Златната топка“ го загуби својот кредибилитет

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/AlNassrFC_EN

Кристијано Роналдо предизвика сериозно внимание со своето последно интервју за весникот „Рекорд“, а денеска е посебно актуелен поради својот став за престижните признинанија како „Златна топка“ и „Д Бест“, кои се доделуваат секоја година.

Португалецот истакнал дека веќе не им посветува внимание на овие награди, затоа што го загубиле својот кредибилитет.

– „Златната топка“ и „Д Бест“ го загубија својот кредибилитет.

– Не велам дека Меси не ги заслужи, или Халанд, па можеби и Мбапе, но бројките се тука и бројките ја кажуваат вистината.

– Треба да се има предвид целата сезона, бројките се факти, – рекол Роналдо, кој очигледно е разочаран што организаторите и учесниците не им придаваат големо значење на неговите настапи и голови во Саудиска Арабија, додека Меси е крунисан за број еден додека настапува во САД.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни