Поврзете се со нас

Шпанија

Роналдо за „тројката“ која сака да ја види во Реал: Ќе биде лудо, неверојатен тим кој ќе постигне извонредни работи!

Објавено

на

foto:twitter.com/Alhilal_EN

Роналдо е поранешен играч на Реал Мадрид и како таков дефинитивно има љубов и симпатии кон шпанскиот великан за кого настапуваше во периодот од 2002 до 2007 година.

„Кралевите“ се тим кој секогаш има највисоки амбиции како дома така и во Европа, а тоа многу добро го знае Роналдо кој даде коментар за тимот кој сега се составува на „Сантијаго Бернабе“ каде летово треба да пристигне Килијан Мбапе, плус голема желба во наредниот период е да се донесе и Ерлинг Халанд од Манчестер Сити.

-Политиката на Реал Мадрид е да ги има најдобрите играчи во светот. Халанд е еден од најдобрите играчи во светот. Сите сакаат да го имаат Халанд. Тој е во неверојатен клуб. Сити прави неверојатна работа, мислам дека е многу среќен таму во моментов. Ама ќе видиме. Се надевам дека ќе можеме да ги видиме сите тие играчи заедно во еден клуб.

-Ќе ме потсетат на Галактикос ако сите тие (Халанд, Мбапе, Белингем) завршат во Реал Мадрид. Ако тоа се случи (сите потпишат) за Реал Мадрид], ќе биде лудо, да се гледа Реал како игра со сите тие играчи заедно. Тоа ќе биде неверојатен тим кој ќе постигне извонредни работи. Тоа ќе биде голем предизвик за Карло Анчелоти да ги води сите тие играчи. Но, здружувањето на добрите играчи е полесно отколку здружувањето на лошите играчи. Тоа нема да биде преголем проблем за тренерот, -рече Роналдо за „Дејли Мејл“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни