Поврзете се со нас

Свет

Роналдо за тешката задача која си ја постави: Самиот сум си виновен

Објавено

на

Foto:x.com/selecaoportugal

Кристијано Роналдо ја доби најпрестижната награда која ја доделува португалската Федерација на вчерашната церемонија во Лисабон, односно му беше врачена наградата „Кинас де Платина“ поради тоа што е најголем амбасадор на португалскиот фудбал.

Најдобриот голгетер во историјата ја надмина бројката од 200 натпревари за Португалија и продолжува да пишува своја историја, но за време на обраќањето пред новинарите, самиот признал дека си поставил цел која сега тешко ќе може да ја оствари.

Откако неодамна стигна до бројката од 900 погодоци, Роналдо самиот нагласи дека ќе ја нападне „1000-та“, а во оваа фаза од кариерата тоа ќе биде доста тешко за достигнување.

– Огромна благодарност до Федерацијата за оваа награда, за сите признанија кои ги добив во овој долг пат. Горд сум на тоа, многу сум задоволен и уште има доста работа пред мене.

– Кога имав 18 години, имав само еден сон: Сакав да дебитирам за првиот тим, потоа стигнав до 50 настапи, потоа до 100, а сега се над 200. Сакам да им се заблагодарам на сите соиграчи кои ми помогнаа во овој пат. Сите велат дека Португалија е мала земја, но Португалија е огромна земја.

– Што се однесува до бројката од 1000 голови, самиот сум си виновен. Самиот го кажав тоа, но не се преоптоварувам. Сега уживам во секој фудбалски момент, а ќе го видиме одговорот од моите нозе. Ако дојдам до 1000 голови, тоа ќе биде генијално, ако не, пак ќе биде добро. ННикој не постигнал повеќе голови од мене, така да нема да имам проблем и ако не стигнам до 1000, – потенцирал Роналдо.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни